Зафирчев: Имаме капацитети, но не можат да дојдат вистински луѓе до израз поради преамбициозни, а сомнително способни
Разговорот со Зафирчев го водеше Марија Димишкова
„Јас сум актер кој никогаш не се повикувал на улоги, главна провокација ми се темите и режисерите и нивните концепти“ – вели актерот Васил Зафирчев во Трилинг кој веќе 25 години е во театарот.
За политичките етикетирања вели:
„Политиката никогаш не ме интересирала како активно членување. Од аспект на политичкиот живот во Македонија, жал ми е што пропуштивме драгоцено време. Не разбравме дека промената треба да бидеме ние самите. Имаме капацитети, но не можат тие луѓе да дојдат до израз од преамбициозни, а сомнително способни, поради политичката позиција. Повеќето се луѓе кои не промениле многу во сопствениот живот. Културата секогаш мора да се насочува, да постојат стратегии. Изминатите 30 години државата издвојува многу средства, но многу малку ги враќаат очекуваните ефекти и целите. Сите ние треба со тоа да се занимаваме. А за обидите за мое политичко етикетирање, овде сакаат да те стрпаат во некој табор. Ставовите кои сум ги изнесувал биле од улога на уметник интелектуалец“.