Избирачките места на локалните избори во Турција, каде денеска над 61 милион гласачи избраа кандидати од 34 политички партии, беа затворени во 17 часот, а гласањето беше одбележано со насилство, во кое настрадаа три лица, а неколку други се повредени.
Првите резултати од гласањето се очекуваат во раните вечерни часови, објави Ројтерс.
Едно лице загина, а 11 се повредени во судир со оружје, палки и камења на југоистокот од земјата.