
Во Кочани, за време на погребот на 59-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, се преземени строги полициски безбедносни мерки.
Присутни се и голем број на полициски сили, кои го обезбедуваат мир и ред. На терен има и полициски дрон, а и хеликоптер кој целиот настан го следи од воздух.
Трагедијата што ја потресе Кочани и цела Македонија целосно ги шокираше сите.
За погребот собрани се многу граѓани од цела Македонија со цел да им оддадат почит на загинатите, но полицијата е присутна за да спречи можни нарушувања на јавниот ред и мир.