
Денес започнува судењето на поранешниот репрезентативец на Бразил и ѕвезда на Барселона, Дани Алвеш, кој е обвинет за силување.
Судот во Барселона резервирал три седници, од 5 до 7 февруари за да му изрече казна на фудбалерот.
Обвинителството бара фудбалерот да биде осуден на девет години затвор и отштета во износ од 150.000 евра на жртвата.
Меѓутоа, жалбата поднесена од жртвата ја зголеми затворската казна на 12 години.
Во јануари, Дани Алвеш беше обвинет за силување на 23-годишна девојка во ноќниот клуб „Сатон” во Барселона.