
Започнува изградбата на мегапаркот во Бутел
Запуштениот простор по должина на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор – мегапарк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8.000м2.
Запуштениот простор по должина на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор – мегапарк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8.000м2.
Парковите се вистински зелени оази кои придонесуваат за поздрав живот и почиста животна средина. Тие го подобруваат квалитетот на воздухот, го намалуваат ефектот на урбаните горештини, создаваат места за одмор, рекреација и дружење и го поттикнуваат заедништвото меѓу граѓаните. Инвестицијата во зелени површини е инвестиција во здравјето и иднината на градот – вели новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој денеска беше на местото каде почна изградбата на паркот заедно со неговиот колега градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Дополнително, појасни дека предвидуваат изградба на околу 50 мали паркови во сите општини, со што секој дел од Скопје ќе добие свој зелен агол.
– Ќе изградиме кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, како дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје.
Целта е поголема безбедност и ред во сообраќајот и постигнување на визијата за град со нула фатални несреќи до 2030 година. Паралелно со тоа, ќе следи целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со нов асфалт, модерни пешачки патеки, улично осветлување и атмосферска канализација која конечно ќе го реши долгогодишниот проблем со поплави – додава Ѓорѓиевски.
Меѓу поголемите проекти што следуваат се реконструкцијата на Стар Качанички пат и развојот на Економската зона Визбегово, како и ревитализацијата на реката Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки.