Започна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клуб на пратеници

Премиерот и лидер на СДСМ – Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски во Клубот на пратеници се на средба во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство.

Премиерот веќе одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

По завршувањето на денешната средба, Ковачевски и Мицкоски да дадат изјави за медиумите.