Започна со работа Асоцијација за дистрибуција и достава на разни добра и услуги

По повод официјалното започнување со работа на Асоцијација за дистрибуција и достава на разни добра и услуги (АДДДУ), претставени беа воведните точки на тема Организацијата на работење на субјектите инволвирани на пазарот на дистрибуција и достава на добра и пратки.

Се дискутураше за нелојалната конкуренција, неправилното адресирање на пратки, регулирањето на ценовникот, околу законското решение за воспоставување на регулативи за промена на ценовникот на нотарски пратки, извршителски и вон волуменски пратки, а се расправаше и за формирањето на официјален регистар од јавен карактер со податоци за проблематични клиенти и работници.