Започна предвремената исплата на пензиите

Пензиите со висина до 11 илјади денари ќе легнат денес на сметките на граѓаните.

Парите за пензии со висина 11.001-14.000 денари ќе бидат исплатени утре односно 30 мај.

Во среда исплата следува на пензии со висина 14.001-18.000 денари.

За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата ќе се изврши на 01.06.2023 година.