Започнале преговорите за реконструкција на Владата, дел од партнерите ги доставиле барањата

Мицкоски, кој денеска беше на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во Гази Баба, прашан дали ќе има промени на ресорите чии први луѓе доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тие во овој момент се фокусирани на организирање на партискиот конгрес кој треба да се одржи на 6 декември во Кавадарци.

Во рамките на коалицијата траат разговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали се утврдени ресорите со ВРЕДИ во контекст на најавените промени во составот на Владата.

Мицкоски, кој денеска беше на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во Гази Баба, прашан дали ќе има промени на ресорите чии први луѓе доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тие во овој момент се фокусирани на организирање на партискиот конгрес кој треба да се одржи на 6 декември во Кавадарци.

За тоа кога ќе продолжи изборот на Народен правобранител, премиерот рече дека очекува тоа да се случи во брзо време имајќи предвид дека локалните избори завршија.