Запорожје без струја, испораката е прекината

На инфраструктурните објекти во градот Запорожје, кој е под контрола на Украина, им беше прекинато снабдувањето со електрична енергија, а во текот на ноќта избувна пожар, соопшти денеска секретарот на градскиот совет, Анатолиј Куртев.

„Имаме пријави за пожар. Прекинато е снабдувањето со електрична енергија на инфраструктурните објекти“ – напиша тој на својот Телеграм канал.

Двата инцидента се случија во текот на ноќните часови кога важеше предупредување за воздушна закана.

Киев ја загуби контролата над 72-73 отсто од територијата на регионот Запорожје, но градот Запорожје, дом на речиси половина од населението во регионот, сè уште е под контрола на Украина, јави руската новинска агенција ТАСС.