Граничната полиција на Црна Гора заплени 66 килограми сканк во околината на Улцињ.
Како што јавија црногорските медиуми, граничната полиција во атарот на улцињското село Сукобин открила 119 пакувања со наркотична дрога сканк со вкупна тежина од околу 66 килограми.
– Полициски службеници на лице место забележале две непознати лица кои побегнале во правец на Албанија – се додава во соопштението на Полициската управа.
Преку претрес на теренот од страна на полициски службеници и употреба на службен дрон, полициските службеници, како што рекоа, во раните утрински часови на 27 септември, пронашле три вреќи со 119 пакувања, тешки околу 66 килограми, во кои имало зелена растителна материја, слично на наркотичната дрога сканк.
– Полициските службеници од граничната полициска станица Улцињ постапиле по оперативни сознанија дека наркотичната дрога сканк се шверцува од Република Албанија во Црна Гора во атарот на село Сукобин и дека се движат две непознати лица со големи торби. во непосредна близина на граничниот камен – се додава во соопштението.
По споменатите лица албанската полиција трага, а за споменатиот настан, како што е соопштено, бил известен и обвинителот во Вишото државно обвинителство.