Во меѓународната координирана акција на БИА МУП и Европол, запленети се над 100 килограми кокаин во вредност од над 10 милиони евра и уапсени се повеќе лица во ЕУ и Србија, дознава српски „Блиц“.
Како што дознаваат, дрогата е запленета во Белгија, а според информациите, уапсена е група која соработувала со кавачкиот клан.
Во оваа акција во Холандија, членови на организирана криминална група, српските државјани Д.Р. (28) и Д.П. (48), кај кои е пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомневање дека се резултат на кривични дела, додека во Белгија и Луксембург се уапсени и српските државјани С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В. (33), едно непознато лице, како и државјанин на БиХ, С.Ѓ. (42).
На територијата на Белград е уапсен српскиот државјанин В.В.(29), кому му е одредена мерка притвор од 48 часа, кој со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.
Дрогата е запленета во Арлон, на југоистокот на Белгија, при претрес на магацин. Осомничените се обиделе да го сокријат кокаинот со бетонски плочи за полесен извоз.
Откриени и запленети се најмалку 103 пакувања со тежина поголема од еден килограм (вкупно околу 115 килограми), кои се проценуваат на пазарот во вредност од 11,5 милиони евра, се вели во соопштението на обвинителството.
Претреси беа извршени истовремено во Холандија, Луксембург и Србија.