Доцна синоќа засега непознати лица, најверојатно подметнале пожар врз автомобилот кој го користел директорот на затворот Идризово – Зоран Јовановски.
– На 15.05.2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј. – информираат од МВР.
Инцидентот се случил на мала споредна улица, „Михаил и Ефтихиј“, во близина на економското училиште, во населбата Кисела Вода во Скопје.