Запален патнички авион во обидот за пуч во Судан

Во судирите меѓу суданската армија и суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) кои се обидуваат да направат пуч нападнат и запален беше патнички авион на „Саудиска Арабија ерлајнс“, кој бил на пистата на аеродромот во Картум, главниот град на Судан, непосредно пред неговото планирано полетување за Ријад.

Патниците, екипажот и персоналот биле префрлени од аеродромот во саудиската амбасада во главниот град Картум, соопшти авиокомпанијата.

Борбите меѓу армијата и паравоените сили денеска ескалираа по неколкумесечните ескалации на тензиите по воениот удар во октомври 2021 година. Денеска три лица загинаа, а десетина беа повредени.