
Запалени скакулци ги шират пожарите
-Ова е мое лично мислење дека роеви од инсекти се преносители на пожарот. Тие запалени преку асфалтот летаа и имавме и личен случај тука не нападнаа инсектите. Тоа се дврдокрилци и истите го пренесуваат, бегајќи од пожарот одат во неопожарената шума и ситуацијата е таква, што сега инсектите и животните го пренесуваат пожарот. Ние го санираме, меѓутоа инсектите и животните го пренесуваат на неопожарена површина, вели Санева.
Вчера поладне повторно се разгоре пожарот на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Весна Сенева од регионалната подружница „Серта“ –Штип при ЈП „Национални шуми“ вели дека пожарот се активираше поради инсектите и животните кои бегаат од опожарените места и го носат кон површини кои не се зафатени.
-Ова е мое лично мислење дека роеви од инсекти се преносители на пожарот. Тие запалени преку асфалтот летаа и имавме и личен случај тука не нападнаа инсектите. Тоа се дврдокрилци и истите го пренесуваат, бегајќи од пожарот одат во неопожарената шума и ситуацијата е таква, што сега инсектите и животните го пренесуваат пожарот. Ние го санираме, меѓутоа инсектите и животните го пренесуваат на неопожарена површина, вели Санева.
Таа додава дека еден од вработените на ЈП „Национални шуми“ забележал како запален скакулец го има проширено огнот на стрниште, има напрено опожарен круг, по што и веднаш е изгаснат. Според неа веќе треба да се размислува и како да се сузбијат инсектите, кои како искри го шират огнот.