Британската министерка за надворешни работи – Лиз Трас вчера изјави дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина, а поранешниот заменик-командантот на НАТО за Европа – генералот Ричард Ширеф, денеска истакна дека тоа е „апсолутно правилен пристап“.
„Таквиот пристап треба да биде проследен со значајни ресурси и тоа да се направи преку целиот сојуз, како целина“ рече тој.
Екс-воениот командант предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да реагира агресивно, но смета дека ескалацијата е потребна за да се демонстрира сериозноста на Западот.
„Најлошото што може да се случи е војна со Русија, но подготовките за најлошото сценарио веројатно би можеле да го одвратат Путин, бидејќи на крајот на краиштата тој почитува само сила“ – изјави Ширеф.