Анонимен висок функционер на земја членка на НАТО открива дека западните земји сепак подготвуваат „добро осмислен план“ за да спречат паника на нивните територии во случај Русија да употреби нуклеарно оружје во Украина, пишува „Гардијан“.
Изворот тврди дека се подготвува за широк спектар на сценарија со цел да се смири делот од населението кој стравува од ескалација на нуклеарни конфликти.
Иако нуклеарната криза не се смета за веројатно сценарио, западните земји подготвуваат „добро осмислени планови“ да спречат паника на нивните територии доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина.
„Коментарите на Путин за употребата на нуклеарно оружје се многу неодговорни. Ниту една друга земја не зборува за употреба на нуклеарно оружје во и околу Украина, па затоа не го сметаме ова за нуклеарна криза“, вели функционерот и додава:
„Путин мора да знае дека употребата на нуклеарно оружје ќе го скрши табуто кое остана од 1945 година и дека тоа ќе доведе до тешки последици за Русија, но и за сите останати“.