Замрзната маржата на огревното дрво и пелетите

Владата донесе одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа, во висина од најмногу до 10 проценти, како посебен услов во трговијата за следните стоки: огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев.

Одлуката важи за сите трговски друштва и трговци-поединци кои учествуваат во трговијата на мало во продажбата на огревно дрво и пелети за огрев, со цел да се заштитат потрошувачите од неконтролирано покачување на цените на стоките за огрев.