Залужни одбива да прифати „капитулација спакувана во мир“

„Ги одбиваме капитулациите облечени во мир. Праведното решение мора да го врати нашиот територијален интегритет, да обезбеди одговорност за воените злосторства и да гарантира дека агресорот никогаш повеќе не може да и се заканува на Европа од Москва. Сè помалку од тоа би било предавство не само кон Украинците, туку и кон принципите кои го чуваат слободниот свет безбеден и слободен“, пишува Залужни.

Пoранешниот врховен командант на Оружените сили на Украина, а сега амбасадор на Украина во Велика Британија, Валериј Залужни, „пригушено“ ја критикуваше актуелната администрација на САД поради повиците за преговори со Русија. Во напис за „Њујорк пост“, Залужни истакнува дека Украина ги одбива „капитулациите облечени во мир“.

„Ги одбиваме капитулациите облечени во мир. Праведното решение мора да го врати нашиот територијален интегритет, да обезбеди одговорност за воените злосторства и да гарантира дека агресорот никогаш повеќе не може да и се заканува на Европа од Москва. Сè помалку од тоа би било предавство не само кон Украинците, туку и кон принципите кои го чуваат слободниот свет безбеден и слободен“, пишува Залужни.

Иако во текстот не се споменува директно Доналд Трамп или други американски лидери, духот на написот е полемика против повиците на Белата куќа за компромис.

Залужни повеќе пати се спротивставувал на повиците за преговори меѓу Киев и Москва:

„Дури и сега, некои на Запад некако нè повикуваат да преговараме со луѓе кои дошле да нè убиваат. Забораваат две едноставни вистини: прво, станува збор не само за судбината на Украина, туку и за безбедноста на Европа. Второ, секој мир со Москва кој ја наградува агресијата е повик за нови војни.“

Тој смета дека повиците за сеопфатен мировен договор се „опасно предвремени“ и повикува на „мир преку победа“. До тогаш, Украина ќе се бори на секој фронт: воен, политички и дипломатски.