Законот за рестриктивни мерки доби зелено светло

Лицата кои ќе се најдат на црни списоци од САД и Велика Британија ќе бидат процесуирани и во правниот систем на нашата држава.

Ова го предвидуваат измените во Законот за рестриктивни мерки кои вчера доби зелено светло на владината седница и се очекува да биде поднесен до Собранието. Институцијата предлагач мора да ги испрати сите материјали и докази до Јавното обвинителство. Врз основа на овој закон, е должно веднаш да започне истражна постапка, а доколку истата заврши со поднесување обвинение, тогаш носителот на јавната функција е должен привремено да ја напушти функцијата, до правосилна судска одлука. Но, ако се работи за правни лица, тогаш тие не можат да учествуваат во јавните набавки, доколку има таква одлука, до правосилна одлука на судот“, образложи денеска Османи.

Од Министерството за правда пак, до владата доставиле негативно мислење во однос на ова прашање. Од таму сметаат дека воведувањето рестриктивни мерки врз основа на правни акти на Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство е во спротивност со уставниот поредок и суверенитетот на Македонија.