Македонска Православна црква, Исламската верска заедница и Македонска Католичка црква, денеска на територијата на целата држава ќе одржат верски обреди посветени на мир во Украина и во целиот свет.
Како што информираат од Здружението на Украинци во С. Македонија, во храмовите на МПЦ веднаш по светата литургија ќе биде отслужен молебен за мир во Украина и во целиот свет.
Исламската Верска заедница денеска една од петте молитви во џамиите низ целата земја ќе ја посвети за мир во Украина, а во Македонската Католичка црква ќе се одржи миса за мир во Украина.
Од Здружението ги повикуваат и другите верски заедници во државата да се придружат до иницијативата за одржување молитва за мир во Украина.