Заедничка молитва на кралот Чарлс и папата Лав во Ватикан, првпат по 500 години

Британскиот крал Чарлс и папата Лав денеска оддржаа заедничка молитва во Систинската капела во Ватикан, во првата заедничка служба на англиски монарх и католички поглавар откако кралот Хенри VIII се прогласи за поглавар на Англиканската црква, одвојувајќи се од папската власт на Римокатоличката црква во 1534 година.

Латински песни и англиски молитви одекнуваа низ капелата, каде што пред шест месеци Лав беше избран за прв американски папа од страна на католичките кардинали во светот, објавува Гардијан.

Чарлс, врховен поглавар на Англиканската црква, седеше лево од папата во близина на олтарот на капелата, додека папата Лав и англиканскиот надбискуп Стивен Котрел ја водеа службата, на која настапи хорот на Систинската капела и два кралски хора.

Иако Чарлс се сретна со последните три папи, од кои Јован Павле II и Бенедикт XVI ја посетија Велија Британија, нивните претходни состаноци никогаш не вклучуваа заеднички молитви.

Кралот Чарлс и кралицата Камила, кои го посетија Ватикан претходно оваа година за да го видат папата Франциск, утрово имаа и приватна аудиенција со папата Лав XIV.

Попладнето, британскиот крал ќе отпатува во римската базилика „Свети Павле“ која е надвор од ѕидините, една од четирите најпочитувани цркви во католицизмот, каде што ќе му биде доделена титулата „кралски конфрат“ или член на братството.

Кралот се сретна и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.