
Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург
Вечерата, чиј домаќин е високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ќе претставува можност за размена на мислења на европските министри со нивните колеги од Западниот Балкан за пристапниот процес и за актуелните меѓународни случувања.
Во пресрет на утрешниот Совет за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ), вечерва во Луксембург ќе се одржи неформална вечера на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија и на државите од Западниот Балкан.
Вечерата, чиј домаќин е високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ќе претставува можност за размена на мислења на европските министри со нивните колеги од Западниот Балкан за пристапниот процес и за актуелните меѓународни случувања.
Инаку, Западниот Балкан ќе биде една од темите и на утрешната средба за министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Покрај за регионов, на заседанието на ФАЦ ќе се разговара и за најновите случувања поврзани со Украина, за состојбата на Блискиот Исток, пред се во Сирија, како и за односите меѓу ЕУ и Африка. Предвидено е и министрите да ја одобрат Заедничката позиција на ЕУ за контрола на извозот на оружје.
По завршувањето на Советот ќе се одржи и првиот Дијалог на високо ниво меѓу Европската Унија и Палестинската управа, а по него и четвртата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Албанија.