Поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев со честитки за Бојко Борисов чија партија вчера победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.
„Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Бојко Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ. Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија. Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Заев и Борисов во 2017 година го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија.