Заев: Саемот на вино започна нова ера на соработка на Балканот

Екс-премиерот на Македонија, Зоран Заев, денеска изјави дека трите соседни земји започнаа нова ера на соработка на Балканот преку иницијативата Отворен Балкан, а доказ за тоа е и Меѓународниот саем на вино во Белград.

„Меѓународниот саем за вино, храна и туризам „Wine Vision of the Open Balkans“ и сите други соработки во рамките на оваа иницијатива се само доказ дека Северна Македонија, Србија и Албанија започнаа нова ера на соработка на Балканот, од која ќе имаат корист сите наши граѓани“ – порача Заев на Твитер.

Тој додаде дека се сретнал со „драги пријатели, лидери на Отворениот Балкан“ во палатата Србија во Белград на последниот работен ручек на Самитот Отворен Балкан на покана на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој, пак, порача: „Посебно сум среќен што денеска во Белград можев да го поздравам и угостам мојот искрен пријател и еден од основачите на Отворен Балкан, Зоран Заев“.