Заев и Филипче на мотори тргнале на економскиот форум во Грција

Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче на мотори пристигнале на „Делфи форумот“ во Грција.

Екс-премиерот за грчкиот портал „Вориа“ изјавил дека патувањето почнало на 22-ри април од Скопје, се возеле низ области во Западна Грција, а потоа отишле и до Пелопонез.

Заев и Филипче во Делфи пристигнале вчеравечер, а поранешниот премиер таму ќе биде говорник на економскиот форум.

Како што пишува „Вориа“, по Делфи Заев ќе се упати кон Солун, а од Солун за Халкидики.