Заев и Филипче гости на СИРИЗА во Атина

Попладнево во Атина започнал Третиот конгрес на партијата СИРИЗА, со говор на лидерот Алексис Ципрас, а гости на конгресот се екс-премиерот Зоран Заев и екс-министерот за здравство – Венко Филипче.

Двајцата поранешни македонски функционери пред почетокот на Конгресот биле пречекани од екс-министрите од Владата на СИРИЗА, меѓу кои и поранешниот шеф на дипломатијата – Никос Коѕијас.

Заев и Филипче го следеле обраќањето на лидерот на СИРИЗА со кое бил означен и почетокот на Конгресот, додека присутните во спортската сала, со аплаузи го проследиле моментот кога Ципрас се поздравил со неговиот пријател, Заев.