Лидерот во заминување на СДСМ – Зоран Заев и претседателот на Алтернатива – Африм Гаши по четиричасовната средба во Клубот на пратениците во Скопје на заминување само кратко соопштија дека имале конструктивна средба со одредени заклучоци.
Заев најави детали од разговорите да презентираат од прес-службата на Владата
Информациите се дека на средбата била постигната начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата.
Соговорниците биле согласни дека реформскиот и европскиот курс за кои се определени граѓаните и државата мора да продолжат и дека во овие моменти најважна е стабилноста на институциите на државата кои им служат на граѓаните.
Заев и Гаши размениле мислења околу можните кадровски решенија, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт.
Најавени се дополнителни консултации во партиите.