Заев: За Путин или за Делчев, за агресија или за слобода – земјава мора да заземе страна

Екс-премиерот Зоран Заев во Фејсбук статус пишува дека нашата држава мора да заземе страна за одредени прашања.

Заев во краткиот статус порачува дека нема неутралност околу некои прашања.

„Дали сме за воена агресија или за културен натпревар меѓу народите? За Путин или за Делчев?
За агресија или за слободa?
Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор.
Нема неутралност по овие прашања“ – напиша Зоран Заев.