Загревање за Евровизија – втора проба на Андреа во Торино

Македонската евровизиска претставничка годинава во Торино – Андреа Коевска ја имаше втората проба за настапот на Евровизија 2022 во Торино.

На Инстаграм профилот на македонската евровизиска делегација е споделено кратко видео во кое се гледа како протекла пробата на Андреа. Таа ќе настапи на втората полуфинална вечер што ќе се одржи на 12. мај.

Евровизија 2022 ќе се одржи во периодот од 10-ти до 14-ти мај во Торино, а Андреа ќе настапи 11-та по ред во втората полуфинална вечер.

https://www.instagram.com/tv/CdNwRQQD5L4/?utm_source=ig_web_copy_link