Загина 26 годишно момче во Битолско

Почина 26 годишното момче од село Кравари кое пред една недела возејќи мотор доживеа тешка сообраќајка на патот во обнова Битола-граничен премин Меџитлија.

Ова е втора жртва на патот за период од десет дена, откако на 16 септември во вечерните часови, 42 годишен маж излета со возилото од коловозот и почина на лице место.

И двете жртви се жители на битолското село Кравари. Мештаните видно потресени велат дека ова се трагедии кои селото го завија во црно, страдаат млади сожители, кои оставаат дома деца сираци. По овие несреќи бараат ограничување на брзината на патот пред училиштето, објави Независен.

Лекарите една недела се бореа за животот на младиот мотоциклист по здобиените тешки телесни повреди при судир во автомобил. Поради сериозноста на повредите беше хоспитализиран на клиниките во Скопје, бил во кома со повреди на главата, а вчера почина.