Француската фудбалска репрезентација ќе го брани светскиот трон по пласманот во финалето на Светското првенство во Катар со победата од 2:0 над Мароко.
Сепак, тажна вест доаѓа од земјата на „галските петли“ бидејќи момче (14) настрада во Монпелје во судир меѓу навивачи на репрезентациите по натпреварот.
Според „Дејли мејл“, момчето било дел од мароканските навивачи кои се обиделе да го скинат француското знаме од автомобил.
Возачот згазнал на плин, се свртел да побегне од групата и го удрил момчето.
Локалната влада во соопштението соопшти дека младиот човек бил „насилно удрен“ од автомобил во градот во јужниот дел на Франција во средата.
Тој бил пренесен во болница, но починал набргу по пристигнувањето.
#BREAKING #BELGIUM #MOROCCO #FRANCE #WORLDCUP
🔴BELGIUM :#VIDEO VIOLENCE IN BRUSSELS!
MOROCCAN FANS THROWING ROCKS & PROJECTILES TOWARDS THEIR SURROUNDINGS AFTER THE 2-0 VICTORY OF FRANCE OVER MOROCCO IN WORLDCUP!#BreakingNews #UltimaHora #Bruxelles #Marocco #Maroc #Marruecos pic.twitter.com/ZZJnMlbTZq— loveworld (@LoveWorld_Peopl) December 14, 2022