Загина припадник на српска падобранска единица при вежби во Ниш

Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ, формирал комисија што има задача да ги утврди сите околности несреќата.

Министерството за одбрана на Србија објави дека припадник на 63-та падобранска бригада, загинал вчера во Ниш за време на редовни скокови за обука.

Во соопштението се вели дека тоа се случило околу 14:00 часот на воениот аеродром „Наредник-пилот Михајло Петровиќ“.

Десетарот Лука Стојановиќ, роден на 24 јули 2004 година во Ниш, бил во служба на српската армија како падобранец во 63-та падобранска бригада од 1 август 2024 година.

Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ, формирал комисија што има задача да ги утврди сите околности несреќата.