Загина полицајка во Белград – утринава го шетала кучето, на неа налетал автомобил
Возачот на автомобилот кој ја удрил жената побегнал од местото на несреќата и полицијата интензивно работи на негово пронаоѓање.
Полицајката Сузана Јоксимовиќ (46) рано утрово загинала кога на неа налетал автомобил додека таа го шетала своето куче. Возачот побегнал од местото, а полицијата трага по него.
Тешката сообраќајка се случила околу 5 часот и 30 минути на улицата Кумодрашка во Вождовац.
-Таа жена го шеташе своето куче речиси секое утро, се познаваме по видување. Не можев да поверувам дека ова се случи – изјавил еден од жителите на улицата кој изутрината исто така го шетал своето куче.
Како што објаснил, не видел како дошло до несреќата, но видел дека се работи токму за таа жена.
– Слушнав подоцна, додека полицијата била таму, некој рекол дека е полицајка. Не знам во која единица работи, но навистина е страшна трагедија – рече соговорникот.
Возачот на автомобилот кој ја удрил жената побегнал од местото на несреќата и полицијата интензивно работи на негово пронаоѓање.