Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на патот Битола – Прилеп кај селото Долно Српци.
Автомобил „форд“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(45) од Битола, удрил во Џ.Ф.(52) од Албанија.
„На местото на несреќата починал пешакот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото, констатирани во Клиничката болница Битола“ – јави МВР.
Извршен бил увид на самото место на несреќата.