Загина Лука Салвадори – италијански мотоциклист и познат јутјубер
Италијанскиот мотоциклист и познат Јутјубер Лука Салвадори го загуби животот во несреќа за време на трката на Меѓународниот друмски шампионат во Германија.
Салвадори почина на патеката Фробург на 33-годишна возраст.
Екипата на Бронкос, за која настапуваше Салвадори, објави дека несреќата се случила во саботата, а Италијанецот им подлегнал на голем број тешки повреди. Во тој инцидент учествуваше и Германецот Дидије Грамс, кој се здоби со голем број скршеници и моментално е во болница и неговата состојба е тешка.
И покрај таа несреќа, организаторите на трката во Фроборг најавија продолжување на акцијата во недела, но им дадоа можност на учесниците сами да одлучат дали ќе возат или не.
Во претходните сезони Италијанецот учествуваше во класата МотоЕ на Светското првенство, а лани беше 17-ти во поредокот. Повеќе од резултатите, Салвадори беше познат како Јутјубер и вистински љубител на мотоциклизмот, како и на автомобилизмот, што можеше да се види на неговите профили на социјалните мрежи.
Летово учествуваше на Светската недела на Дукати, кога имаше можност да ги испроба силите на патеката, меѓу другите, со Франческо Бањаи, Марко Маркез и Хорхе Мартин. До својата смрт беше лидер во италијанскиот шампионат.