Загина боксер од Косовска Митровица во Германија – дожд од куршуми испукани кон него

Бесар Нимани, боксер роден во Косовска Митровица е убиен во саботата во Германија, пренесува „Билд“. Кон него биле испукани 10-тина куршуми.

Врз основа на изјавите на сведоците, 38-годишен маж бил застрелан додека излегувал од ресторан во Билефелд, а неговата смрт била констатирана на самото место.

Сторителот сè уште не е уапсен.

Нимани се натпреваруваше во супервелтер категорија.

Имаше 27 борби во кариерата и само еден пораз.

Тој не се натпреварувал од 2019 година.