Новинарот Брент Рено (51) загина откако руски сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин, во близина на Киев, јавуваат светските медиуми.
Заедно со Рено, кој беше новинар на „Њујорк тајмс“, при нападот бил повреден уште еден новинар, кој бил заедно со Рено. Тој е хоспитализиран.
Информациите се дека Рено бил погоден во врат. Тој е првиот странски новинар кој загинал од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24. февруари.
Иако кај загинатиот новинар била пронајдена прес-картичка од „Њујорк тајмс“, од амереканскиот весникот соопштија дека тој не работел за нив уште од 2015 година. Засега не е познато за кого известувал Рено.