Најмалку шест лица загинаа, а и неколкумина се ранети во напад вечерва во израелскиот град Јафа, соопшти полицијата.
Израелските медиуми нападот го окарактеризираа како терористички.
Полицијата додаде дека напаѓачите биле „неутрализирани“.
На вознемирувачкото видео се гледа како на улиците лежат мртвите тела на лицата кои беа жртви на терористичкиот напад во јужниот дел на Тел Авив, Јафа.
Ерусалим пост претходно објави дека двајцата терористи Мухамед Чалаф Сахар Раџаб и Хасан Мухамед Хасан Тамими, од Хеброн, биле забележани како излегуваат од возот кога отвориле оган кон случајните минувачи, по што биле застрелани од инспекторите на општина „Села“.