Загинаа 19 ученици и двајца наставници во напад во училиште во Тексас

Хорор во училиште во Тексас – 19 деца загинаа при пукање во основно училиште, јавија американски медиуми. Во инцидентот загинале и две возрасни лица.

Напаѓачот, 18-годишник, е убиен од безбедносните сили

Информациите се дека осомничениот ја убило баба си пред да се упати кон училиштето.

Според бројот на загинати, пукањето во основното училиште Роб е најсмртоносно, уште од 2012 година, кога во основното училиште Сенди Хук загинаа 20 деца и шест други лица.

Се верува дека напаѓачот делувал сам „за време на ова грозоморно злосторство“.