Најмалку 11 лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа кај рускиот град Улјановск, соопштија денеска локалните власти, соопшти МВР.
„Во населбата Николаев во областа Улјановск, на автопатот М5, два камиони буквално здробиле патнички минибус во кој имало 20 лица. 11 лица загинале“ – изјавил изворот на агенцијата „Интерфакс“.
Три лица се хоспитализирани.
Улјановск се наоѓа на околу 700 километри источно од Москва.