
Тешка сообраќајка со 4 жртви во атарот на село Булгарене во соседна Бугарија.
Ова за бТВ го потврдија од тамошното МВР. До судирот доцна синоќа дошло меѓу автомобил и камион.
Имало пет патници, еден е хоспитализиран.
Се претпоставува дека се навивачи на Левски, коментираат на социјалните мрежи.
„Тие се од Габрово. Ние бевме третиот автомобил по несреќата. Видовме како другите навивачи му помогнаа на преживеаното момче да излезе од автомобилот. Татко му беше возач“, вели Тома Томов во групата „Фановите на ПФЦ Левски Софија“.