Загинаа две лица по уривање мал цивилен авион во Германија

Мал цивилен авион „лирџет“ се урна во близина на воздушната писта на НАТО во близина на германскиот град Рендсбург, објави денеска „Билд“.

Во несреќата загинаа две лица.

Според информациите го германските медиумите, авионот бил изнајмен од германското воздухопловство, а двајцата пилоти загинале во тренажен лет.

Несреќата се случила по полетувањето, а авионот требало да лета кон провинцијата Долна Саксонија.

На местото на несреќата се излезени голем број пожарникари и полиција, а сè уште не се познати околностите кои довеле до падот.