Загинаа двајца бугарски полицајци, во нив удрил автобус кој превезувал мигранти

Автобус со мигранти удрил во полициско возило во Бугарија. Двајца бугарски полицајци загинаа бркајќи го автобусот со мигранти, јавуваат тамошните медиуми.

Инцидентот се случил при потера по автобусот со мигрантите во Бургас. Меѓу 47-те мигранти во автобусот нема повредени, меѓу нив има мажи, жени и деца кои се нашле на местото на несреќата.

Сириски државјанин со хуманитарен статус, кој е поврзан со транспорт на мигранти е приведен, а по друг трага бугарската полиција.

Бугарскиот министерот за внатрешни работи, Дерменџиев смета дека одговорноста за инцидентот е на „Граничната полиција“ и за ова побарал оставка од нејзиниот заменик директор Дејан Молов.