Раководителот на Одделот за сузбивање на општ криминал во Секторот за борба против криминалот Александар Бошковиќ денеска даде изјави за големата трагедијата во Цетиње, посочувајќи дека обдукцијата на телата е завршена, не давајќи повеќе детали.
– Н.К. од Цетиње кој вчера пукаше во Вук Бориловиќ, во моментов е недостапен за полицијата. Засега не е утврдено дали Бориловиќ загинал од куршумите испукани кон него од полицајците или од Н.К.
Началникот Бошковиќ истакна дека „се преземаат одредени мерки и дејствија за обезбедување на Н.К (Ненад Нено Калуѓеровиќ) и за негово присуство во целата оваа постапка.
Бошковиќ нагласи дека обдукцијата на телата на убиените во масакрот е завршена, но дека без одобрение на обвинителот не може да открие повеќе детали.
– Телото на Борилобиќ има повеќе прострелни рани. Засега не можеме да дадеме детали дали смртта настапила како последица од повреди на полицијата или на овој граѓанин – рече Бошковиќ, кој истакна дека откако била информирана за пукањето, полицијата најпрвин дошла на помош на ранетите, по што Бориловиќ пукал во нив.
– После тоа беа исполнети сите законски услови и полицијата возврати и испука 20 пкуршуми. Во престрелката е повреден еден полицаец. Според досегашните информации, петмина полицајци вчера употребиле огнено оружје во Цетиње – изјави Бошковиќ.
Тој ги демантираше шпекулациите дека се работи за акција која траела неколку часа.
– Во 15 часот и 30 минути добивме повик, а во 15 часот и 50 минути самиот сторител се јавил на друго лице и објавил дека е тешко ранет, дека убил неколку лица и дека мислел дека нема да преживее. По 15 часот и 50 минути огнено оружје употребил Н.К., не можеме точно да кажеме за колкав временски интервал, а потоа настапила смртта на Бориловиќ. Значи, тоа не беше повеќечасовна акција, но сега можеме да кажеме половина час или 45 минути, но не можеме да кажеме прецизно – рече Бошковиќ.