
Пријавени се 39 пратеници за збор за предлогот за разрешување на министерот без ресор од Алтернатива.
Пратениците вечерва ја завршија дебатата за разрешување на Адмирим Алитиминистерот за информатичко општество и администрација. По предлог на Ковачевски, Алити беше еден од трите предлози за разрешување.
Претходно, заврши дебатата само за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали. Гласањето и за Алити и за Сали дополнително ќе се закаже, а пратениците десетина минути пред 21 часот вечерва ја продолжија дебатата за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.
За предлогот за негово разрешување, за збор се пријавени 39 пратеници.
Гаши лут на Ковачевски: Брутално го раскинаа политичкиот договор со нас
Покрај министрите, Ковачевски предложи да се разрешат и тројца заменик-министри од кои двајца се кадри на Алтернатива, Абдулшуќур Абедини – за земјоделство и Лулзим Алиу – за образование и наука.
Енигма: Заменик-министерот за култура од Алтернатива не е на списокот на Ковачевски за разрешување – од Владата не кажуваат зошто
Заменик-министерот за култура останува во Владата, но не и во Алтернатива: Гаши и Сали ме бојкотираа, на иста линија сум со Реџепи Зејд
Немам никакви притисоци за одземање овластувања на заменик-министерот, тврди Костадиновска-Стојчевска
Третиот заменик е за одбрана – Башким Хасани кој е дел од „огнената група“ во ДУИ.
Предлог за разрешување на „огнениот“ заменик-министер за одбрана без некој да го информира
Откако ќе се разрешат, истата собраниска седница треба да продолжи со наредните две точки од дневниот ред кои се однесуваат на избор на министри и заменици. Станува збор за кадровски прашања договорени помеѓу коалициските партнери по постигнатиот договор со Алијанса за Албанците од опозиција да премине во власт. Кадрите предложени за нови владини членови се:
Кренар Лога (Алијанса) – министер за правда;
Фатмир Меџити (Алијанса) – министер за здравство;
Азир Алиу (Алијанса) – министер за информатичко општество и администрација;
Каја Шукова (СДСМ) – министерка за животна средина и просторно планирање;
Тирон Јајага (Алијанса) – заменик-министер за одбрана;
Вјолца Бериша (Алијанса) – заменик-министерка за земјоделство;
Викторија Аврамовска-Мандиќ (СДСМ) – заменик-министерка за правда;
Маја Манолева (СДСМ) – заменик-министерка за здравство;
Агим Нухиу (ДУИ) – заменик-министер за образование и наука.