Завршија годинашните “Илинденски денови“ во Битола, доделени наградите на најдобрите (фотогалерија)

Синоќа на ракометното игралиште во Битола, Со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри “Илинденски денови”.

Најстариот фестивал во Битола, годинава започна на 18 јули и се одржуваше под мотото „Од корените до цветот”.

Стручно жири во кое членуваа д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски, одлучи награда за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра да додели на ЖФК „Радовишанки” од Радовиш.

Награда за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање доби награда за најуспешен изворен состав.

Вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија.

Награди на најуспешните и благодарници за учество на гостите од странство им додели директорката на НУ Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски.

52 издание на фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата 12 фестивалски денови бележат ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во оваа 2022 година 61 настан понуди неверојатната програма во која имаше концерти, изложби, промоции на книги, филмски проекции, перформанси, работилници за деца, стручни конференции … 1.300 учесници и гости 7 земји учеснички 3 паралелни сцени и целиот град претворен во отворена сцена за настап 280 интервјуа и објави по медиумите 500 постови на социјалните медиуми.