
Завршија големите борби во Северна Газа, воената инфраструктура на Хамас е уништена, тврди израелската армија. Според Тел Авив, силите ќе продолжат да го продлабочуваат достигнувањето и ќе ги зајакнат одбранбените способности на граничната ограда Израел-Газа. Фокусот во моментов се централните и јужните делови на територијата.
„На крајот на тврдоглавата и решителна битка, ја разбиваме воената рамка на Хамас во Џабалија. Хамас повеќе не дејствува организирано во оваа област. Групата ја лишиме од нивните главни терористички способности во регионот. Во областа сè уште има терористи, но тие сега работат без рамка и без команданти“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.
Израелскиот премиер Нетанјаху објави дека војната против Хамас не смее да биде запрена сè додека Израел не ги постигне своите цели.
„Пред три месеци, Хамас изврши ужасен масакр против нас. Владата на чело со мене наложи војската да замине во војна за да го уништи Хамас, да ги врати нашите заложници и да обезбеди Газа никогаш повеќе да не биде закана за Израел. Не смееме да ја запреме војната додека не ги постигнеме сите овие цели“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Во меѓувреме хуманитарната криза се продлабочува. Стотици семејства Плестинци се засолнија во шатори обезбедени од Обединетите Арапски Емирати, поставени во близина до граничниот премин со Египет. Меѓународните организации алармираат за недостиг од храна и хигиенски услови.
„Ситуацијата со водата е лоша. Се гледа дека овде има канализација. Ние собираме солена вода, што исто така, е несоодветно за употреба. Тешко ни е да добиеме чиста вода од преминот во Појасот Газа“, изјави раселен.
„Тука сме околу 10 дена, а немаме чинии, лажици или чаши. Јас и моите деца спиеме со три ќебиња. Вкупно седум луѓе, живееме во еден шатор“, додаде раселена од градот Газа.
Американскиот државен секретар ги повика земјите од Блискиот Исток да го искористат влијанието врз регионалните актери за да го ограничат конфликтот во Газа и да спречат бесконечен циклус на насилство. По Грција, Турција и Јордан, Блинкен, во посета и на Израел и окупираниот Западен Брег.