
Измените на Изборниот законик, коишто до петокот во Министерството за правда се усогласуваа од членовите на работна група, би можеле денеска да се најдат на собраниска седница како предлог на пратеници.
Предлогот треба да биде потпишан од пратеничките групи и формално да биде доставен до Собранието. Бидејќи СДСМ го бојкотира учеството во работната група поради тоа што пржинската влада се укина без консензус, не е познато од кои пратенички групи ќе биде потпишан предлогот. Дали само од владејачкото мнозинство.
Извори од мнозинството влеат дека овој предлог би можел да биде доставен уште денеска. Јавноста нема апсолутни никаква информација за што разговараа претставниците на партиите. Наводно, во овие измени треба да бидат вградени забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, но исто така партиите усогласувале и свои предлози. Што е вградено а што не од забелешките, дали Македонија ќе биде една изборна единица, дали ќе има некаков изборен праг, или нема ништо од тоа – нема информации.
Последната средба на работната група беше во четвртокот, а до петокот последните консултации требаше да бидат завршени електронски, како што тогаш објави Министерството за правда.
Измените на Изборниот закон се дел од обврските од Реформската агенда и се брза тие да бидат завршени во наредните неколку дена.