Забранет е влез во зградата каде живее Коста

Српската полиција ја обезбедува зградата во која живее 14-годишниот Коста Кецмановиќ кој денеска во училиште во Белград уби 8, а рани шест луѓе, главно ученици на негова возраст.

Како што пушуваат српските медиуми, забранет е влез во зградата, а полицијата врши претрес во станов во кој живее тинејџерот.

Соседите сведочат дека родителите на момчето секогаш биле љубезни.

„Често ги гледав, тој е познат доктор. Имаат и помала ќерка. Момчето секогаш беше културно и фино, но секогаш повлечено“, вели еден од работниците во близина на зградата во која живее семејството на момчето.

Во зградата заедно живеат родителите на Коста и неговата помлада сестра.

„Кога одговара, само ја спушта главата и трепнува, толку беше повлечен“, опишува сосед кој бил близок со семејството.

Како што вели, детето одело и во музичко училиште.

„Да ви кажам искрено, толку пати сум била кај нив. Но, не знаев дека има пиштоли, тоа мора да се обезбеди… “, вели сосед кој сакал да остане анонимен.

 

https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fpolicija-go-pretresuva-stanot-zabranet-e-vlea-vo-zgradata-kade-zivee-momcheto-koe-izvrshi-masakr&cb=12d74ddf89

Момчето имало список со 15 луѓе за ликвидација, а од нив убило три. Родителите на детето се уапсени. Политичарите од регионот изразија сочувство и жалат за загубите. Белградска Н1 соопшти дека според податоците од швајцарскиот истражувачки проект Small Arms Survey од 2018 година Србија се наоѓа на третото место во светот по бројот на оружје во рацете на цивилите.